Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски: Не се плашам од Мбапе, кога ќе дојде официјално во Реал…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски ги расчисти сите дилеми и посочи дека ќе остане во Барселона најмалку уште една сезона, без оглед на низата турбуленции кои ги имаше со тимот во сезоната која полека привршува.

Полјакот смета дека Барселона е најдобар клуб во светот и потенцира дека е во идеално фудбалско опкружување, и покрај тоа што резултатите оваа година не беа на посакуваното ниво.

Барса ја завршува кампањата без освоен трофеј и со низа непријатни порази од Реал Мадрид, а бидејќи големиот ривал веќе подготвува мега трансфер како оној на Килијан Мбапе, медиумите го прашаа Левандовски дали стравува од влијанието кое може да го има Французинот.

– Добро го познавам Килијан и ќе биде генијално да се игра против него во Ла Лига. Кога веста ќе стане официјална за негов трансфер во Реал, тоа ќе го прифатам позитивно.

– Не постои страв и ништо во тој контекст. Мбапе е добар фудбалер, но ми се допаѓа и како личност. Им покажува на младите дека фудбалот не е единствена важна работа, тој е пример за карактер и секогаш цврсто стои на земја, – вели Левандовски кој очигледно е импресиониран од најавеното засилување на Флорентино Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни