Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд шокиран од третманот кој го добива клучната ѕвезда на Ливерпул: Не ми се верува

Објавено

на

Мо Салах е симбол за гол-машина во последните неколку години и со своите изданија се погрижи за своја фудаблска историја на „Енфилд Роуд“, па иако неговите бројки никој не може да ги погази, се уште има такви кои не го ценат доволно напаѓачот од Египет.

Во изминатите седум дена, низа познати лица во англиската јавност излегоа со сериозни критики за искусниот голгетер на Ливерпул, меѓу кои и Грем Сунес, Трој Дини и Симон Џордан.

Сунес потенцираше дека нема симпатии кон најсебичниот играч кој некогаш го видел во животот, додека Дини заклучи дека Салах во ниту еден момент од својата кариера не бил светска класа.

Овие тврдења поприлично го шокираа Рио Фердинанд, кој како легенда на Манчестер Јунајтед смета дека со ваквите ставови се покажало големо непочитување кон Египќанецот.

– Сакам да кажам нешто за Мо Салах, сметам дека се покажа големо непочитување кон него во последно време. Слушнав многу коментари за него. Според мене, не треба да постои никаква дебата. Салах е светска класа со години наназад. Можеби оваа сезона не е најдобар, но со години наназад е светска класа за Ливерпул.

– Реал Мадрид победи во финалето во 2018-та година само поради повредата на Салах. До тој момент, Ливерпул беше подобар тим, а потоа се се промени. Неговите бројки се неверојатни, не можам да сфатам, неверојатно е некој да го критикува. Тој е неверојатно потценет и се покажа непочитување со последните коментари. Видов дека е критикуван од Сунес, Дини и Џордан, не можев да се изначудам на непочитувањето кое се искажува. Зборуваат за него како да е обичен играч, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни