Поврзете се со нас

Англија

Бројките не лажат: Ова е најлошиот Јунајтед во историјата на Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед доживеа вистински срам на гостувањето на „Селхрст парк“ и беше понижен со резултат 4:0, пораз кој на најдобар можен начин ја пресликува најлошата сезона во историјата на клубот како дел од Премиер лигата.

Дебаклот од „орлите“ предизвика огромен бес и кај онака разочараните навивачите на клубот од „Олд Трафорд“, па иако Ерик Тен Хаг продолжува да тврди дека тимот е на прав пат со него, мора да се признае дека веќе никој не е заинтересиран за неговите изјави.

Цела англиска јавност е убедена дека Холанѓанецот ги брои последните денови како менаџер на англискиот великан, а од него ќе си замине како еден од најлошите тренери во историјата на клубот.

Бројките не лажат и покажуваат дека овој Јунајтед е најлошиот во историјата на Премиер лигата, бидејќи овој тим никогаш претходно не претрпел 13 порази во една натпреварувачка сезона.

Вчерашниот од Кристал Палас беше „несреќен 13-ти“, но ова е само еден од низата факти кои велат дека тимот на Тен Хаг едноставно не знае да фати крај со крај.

Јунајтед оствари само една победа на последните седум меча во Премиер лигата, а имаа и негативна гол разлика, односно 52 дадени, а дури 55 примени гола во Премиер лигата. Гледајќи ги сите натпреварувања, Јунајтед прими 81 гол досега, што е најлош скор на еден тим на Јунајтед од сезоната 1976/77.

Оваа статистика е дефинитивна потврда за најлошата сезона на Јунајтед во домашното првенство, по која многу веројатно ќе има многу промени на „Олд Трафорд“ претстојново лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни