Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ја објасни својата уникатна фудбалска филозофија пред реванш полуфиналето со Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти со голема страст се подготвува за утрешното полуфинале против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, со единствена надеж дека тој и неговите играчи ќе доживеа уште една магична ноќ на „Сантијаго Бернабеу“.

Искусниот Италијанец е свесен дека Баерн е голем предизвик и воопшто нема да биде лесно да се слави победа, но истовремено е убеден дека неговите играчи ќе ја добијат потребната поддршка од навивачите кои можат да бидат 12-ти играч за „кралевите“.

– Вреди да се живее за вакви денови. Денот пред важен натпревар е најубав за еден спортист. Денеска е се убаво, а утре ќе биде малку покомплицирано, ќе дојде стресот, ќе има и малку страв на теренот. Реал и Баерн се навистина слични клубови, го коментираме тоа веќе некое време.

– Баерн има долга традиција, има своја историја и титули во Лигата на шампионите. Меѓусебно се почитуваме и тоа е убавината на спортот. Во едно полуфинале мора да го почитувате ривалот, а треба и да се признае дека тие беа доста подобри од нас на првиот меч. Сега од нас се бара да го извадиме најдоброто на теренот, мора да ја одржиме страста бидејќи имаме шанса за ново финале во Лигата на шампионите. Многу сме мотивирани и ќе дадеме се од себе утре на теренот. Сонуваме за нова магична ноќ со фановите, кои утре ќе бидат зад нас цело време, – изјави Анчелоти, кој накратко ја објасни и својата уникатна фудбалска филозофија.

– Јас сум тренер кој се адаптира на караркеристиките кои ги имаат играчите. Никогаш не сакам тим кој има само еден и единствен стил на игра, само еден идентитет. Тоа е мојата филозофија, – порача Карлето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни