Поврзете се со нас

Германија

Хрватот Бјелица доби „шут карта“ од Унион Берлин

Објавено

на

Унион Берлин вчера ја загуби драмата со Бохум на Агон Елези, пораз по кој клубот од германската престолнина одлучи да му врачи отказ на тренерот Ненад Бјелица.

Иако има само уште две кола до крајот на сезоната, Унион Берлин не е безбеден и со ваков потег ќе се обиде да ги разбуди, раздрма играчите, односно во најмала рака да се задржи актуелното 15. место кое последно обезбедува елитен германски фудбал во кампањата 2024/2025.

Бјелица го водеше Унион на 16 мечеви во Бундеслигата, а на првите седум меча освои 11 бода. Ама од месец март работите тргнаа во лош правец, беше забележана само една победа на девет дуели со шест порази и два реми натпревари, па постои опаснот од преселба во понизок ранг, нешто што треба да го спречи Марко Гроте.

Гроте е назначен за привремено решение, тренер кој има една јасна цел, опстанок во Бундеслигата.

Во тие два натпревари ривали ќе бидат Келн и Фрајбург.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни