Поврзете се со нас

Англија

Покетино за најтешкиот момент во оваа сезона: Тој резултат не стави…(ВИДЕО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/ChelseaFC

Премиерлигашот Челси одигра една турбулетна сезона која на крајот сепак завршува позитивно ако се погледнат резултатите и тоа што екипата е на шестата позиција на табелата.

Секако очекувањата, целите беа повисоки, но ако се земе предвид дека „сините“ долго време беа во вториот дел на табелата, никако не успеваа да се пробијат ова е чекор напред и поради тоа што клубот е на позиција која води во Европа.

Дефинитивно не му беше лесно на тренерот Маурисио Покетино кој сега на крајот се отвори и посочи кога стравувал дека може да заработи отказ, поточно му било најтешко на него и соработниците.

Тоа е по дуелот со Вулверхемптон кој „сините“ го загубија на „Стемфорд Бриџ“ со 4-2 по што навивачите го искажаа своето незадоволство.

-Можам да бидам искрен? По мечот со Вулверхемптон. Се сеќавате што се случи потоа? Бевме таму по натпреварот и чекавме два часа.

-Помина долго време по натпреварот, бевме таму, се гледавме, пет тренери во многу мала просторија. Бевме повеќе тажни. Беше неправедна ситуација која не ја заслуживме, но резултатот не доведе во многу тешка ситуација. Проблем беа околностите, -обелодени Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни