Поврзете се со нас

Италија

Интер сака да ги спои браќата Тирам

Објавено

на

Маркус Тирам се покажа како навистина квалитетно засилување за калчолигашот Интер за кого во дебитанската сезона постигна 15 и забележа 14 асистенции.

Овој „дабл-дабл“ учинок е навистина импресивен, поточно со неговиот ангажман Интер доби џек-пот ако се земе предвид дека напаѓачот како слободен играч пристигна на „Џузепе Меаца“.

Сега „нероаѕурите“ размислуваат за уште еден таков трансфер, поточно сакаат да ги спојат браќата Тирам во Милано. Се работи за 23-годишниот Кефрен кој во моментов е дел од Ница.

Тој ја покрива средината на теренот и има договор до 30 јуни 2025 година, па според „Кориере Дело Спорт“ калчолигашот е подготвен да почека цела година и без никаков обештетување да го добие потписот на играчот кој е роден во Реџо Емилија.

Италијанскиот првак се надева дека во оваа мисија ќе добие помош од Маркус, но и од славниот Лилијан Тирам кој има влијание врз кариерата на неговиот син. Интерес за него пројавуваат уште премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни