Поврзете се со нас

Германија

Галеоне: Тој е идеален тренер за Баерн Минхен

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен веќе некое време се мачи со наследникот на Томас Тухел, тренер кој ќе треба да направи пресврт и го врати клубот на победнички патеки по катастрофалната сезона во која не беше освоен ниту трофеј.

Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник се стратезите кои ги откачија „баварците“, но се споменуваат и други имиња кои кажале „НЕ“ за понудата од Минхен. Баварците продолжуваат да работат на случајот, па до нив стигна една интересен предлог, решение и тоа од Џовани Галеоне, ментор и близок пријател на Масимилијано Алегри кој во текот на вчерашниот ден беше отпуштен од Јувентус.

-Се надевам дека ќе го видам во Премиер лигата. Иаку мојот сон е поинаков. Баерн Минхен. Баерн е германски Јувентус и бара одличен тренер. Макс би бил идеален да ги води сите тие таленти и да го врати баварскиот клуб до успехот откако последната Бундеслига заврши предвреме со историскиот триумф на Баер Леверкузен на Чаби Алонсо. Иако…-смета Галеоне кој исклучи преселба на Макс во Саудиска Арабија.

-Не, затоа што мислам дека на Макс не му требаат пари. Наместо тоа, верувам дека Де Лаурентис кој отсекогаш бил негов обожавател, исто ќе помисли на Алегри, -вели Џовани за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни