Поврзете се со нас

Англија

Дефанзивецот беше искрен: Ван Дајк испрати директна порака за неговата иднина на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Ливерпул со завршувањето на оваа сезона става крај на една ера со оглед на тоа што Јирген Клоп нема повеќе да биде на клупата на „црвените“.

Германецот носеше енергија, беше успешен и го врати Ливерпул меѓу најдобрите екипи во Англија и Европа, па неговиот наследник Арне Слот ќе има тешка задача да ги повтори неговите успеси и резултати.

Останува да се види како англискиот великан ќе изгледа во наредната кампања и дали заминувањето на Клоп ќе донесе и некои драстични промени, заминувања на некои од клучните играчи кои веќе имаат плус 30 години како што е Мохамед Салах, Вирџил Ван Дајк…

Токму Холанѓанецот ги откри плановите и каде се гледа во блиска иднина.

-Нема за што да зборуваме затоа што нема нови информации, мислам дека клубот е многу зафатен со тоа кој ќе биде нов менаџер и тоа е главниот фокус.

-Како што реков, многу сум среќен овде, го сакам клубот и можете да го видите тоа исто така. Тоа е веќе голем дел од мојот живот и тоа е сè што можам да кажам.

-Фокусот сега е на последните два меча, а потоа клубот ќе се фокусира на тоа кој е новиот менаџер и ќе има голема транзиција и јас сум дел од тоа, -порача стоперот кој има договор до 30 јуни 2025 година.

Вирџил во последно време е поврзуван со Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни