Поврзете се со нас

НБА

Баркли нема дилеми: Тој е најдобриот странец во историјата на НБА лигата

Објавено

на

Чарлс Баркли долго време е во НБА лигата, прво како активен играч, а сега како стручен аналитичар, коментатор на најважните случувања и актуелности.

Баркли секогаш има интересни ставови, размислувања на различни теми и никогаш не се плаши да го каже својот став, па така некогашниот ас на Филаделфија Севентисиксерс, Феникс Санс и Хјустон Рокетс го издвои играчот кој според него е најдобриот странец кој некогаш настапувал во НБА.

Се работи за актуелен кошаркар и тоа е Никола Јокиќ од Денвер Нагетс.

-До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА. Мислам дека Денвер повторно ќе ја освои титулата во НБА. Претходната ноќ имаше 24 поени, 15 скока и девет асистенции, тоа стана нормално за него, -истакна Баркли.

Јокиќ веќе има две МВП признание, а минатата сезона стана шампион со Денвер и беше најкорисен играч во таа финална серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни