Поврзете се со нас

Италија

Тренерот на Салернитана: Разочарани сме што не го победивме Јувентус

Објавено

на

Салернитана долго водеше против Јувентус, прими погодок во судиското надополнување, а во последните секунди пропушти голема шанса вторпат да го шокира фаворитот и да стигне до три бода во Торино.

Сето ова немаше да биде многу невообичаено ако не се работеше за екипата со најлош скор во Серија А и екипата која неколку кола наназад е сигурен патник во втората лига.

Тренерот Стефано Колантуано по средбата истакнал дека жали што неговата екипа ја испушти победата на „Алијанц“.

– Разочарани сме што не победивме денеска.

– Имавме проблеми во вториот дел, но фудбалерите со кои располагав одиграа одличен натпревар.

– Ни недостасуваа играчи како Брадариќ, Маџоре, Кандрева и Очоа, тие ќе овозможеа подобра игра, но морам да им аплаудирам на оние кои беа во составот против Јувентус. Можевме да забележиме и драматична победа на крајот, но не е трагедија што испадна вака, – рекол Колантуано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни