Поврзете се со нас

АТП

Незаборавни сцени: Надал испратен како гладијатор по тешкиот пораз во Рим (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Рафаел Надал претрпе тежок пораз од Хуберт Хуркач и после истиот се отворија големи сомнежи за неговата форма, особено поради фактот што Ролан Гарос почнува за две недели.

Шпанецот се соочи со суровата реалност и сфати дека е далеку од форма која ќе му овозможи да парира против најдобрите, па затоа нагласи дека го чека многу работа во наредните 15 дена.

Иако не е стопроцентно сигурен, Надал најави дека најверојатно ќе игра во Париз, но и покрај болниот пораз, Рафа може да остане горд на сето она што го оствари во Рим во изминатите две децении.

Поради тоа, Надал доби неверојатно испраќање кога го напушташе „Форо Италико“ и буквално беше поздравен како гладијатор, па сцените брзо станаа вирални меѓу тениските фанови.

– Отсекогаш сум велел дека не можам да ви се заблагодарам доволно за цела љубов и поддршка која ја добивав тука. Турнирот во Рим е еден од најважните во мојата кариера, турнир кој ме поврзува за многу убави спомени. Тука играв многу важни мечеви, многу емотивни и убави мечеви. Во многу фази од мојата кариера, пристигнував во Рим со многу сомнежи поарди повреди, а потоа почнував да играм добро. Тоа не беше случај овојпат, но навистина се случуваше во минатото. Уживав да играм на овој терен, – изјави Надал претходно по својот последен меч во Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни