Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ја повтори незаборавната слика од пред две години на шампионската парада во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти уште вчера најави дека денеска ќе ја рекреира сцената која стана вирална пред две години, а помош во реализацијата на идејата доби и од своите фудбалери.

Дон Карло позираше со очила за сонце и пура во устата за време на шампионската парада во Мадрид пред две години, нешто што беше повторено и денеска.

Титулата во Ла Лига секогаш има посебно значење поради фактот што истата го презентира континуитетот на тимот во цела сезона, а Реал оваа кампања беше и повеќе од убедлив.

„Кралевите“ претрпеа само еден пораз во Ла Лига и доминтантно стигнаа до 36-та титула во домашното првенство, две години по освоената 35-та под водство на Карло Анчелоти.

Италијанецот денеска беше задолжен за шоу и навистина уживаше во шампионската парада, па дури и ја запеа химната на Реал пред сите присутни навивачи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни