Поврзете се со нас

Свет

Нов гол: Миовски продолжи да тресе мрежи за Абердин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Бојан Миовски игра навистина квалитетна сезона за Абердин, тим за кој попладнево постигна уште еден гол и тоа во шкотскиот шампионат.

Абердин му одржа лекција на Хибернијан и славеше на негов терен со 4-0, победа во која македонскиот репрезентативец имаше конкретен придонес.

Миовски го матираше домашниот тим во 52 минута кога стрелаше на 3-0 за да до крајот погоди и Бојд за комплетирање на оваа квалитетна партија.

Ова за штипјанецот беше 16. лигашки гол или вкупно 26 во кампањата во сите конкуренции.Со 44 бода составот на Абердин е на 7. место на табелата. До крајот има уште две средби против Ливингстон и Рос Каунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни