Поврзете се со нас

Македонија

Куманово го совлада Шкупи и го освои пехарот во Втората лига

Објавено

на

Составот на МКК Куманово ја доби завршната битка со Шкупи и го освои шампионскиот пехар во Втората лига.

Двата клуба претходно обезбедија билети за место во елитната домашна конкуренција, па ова беше средба за престиж и за тоа кој официјално ќе ја заврши сезоната на првото место.

Избраниците на Докузовски беа подобри од оние на Симиќ и со резултат 77:59 го кренаа трофејот во ова натпреварување.

Куманово имаше перфектна сезона, кампања во која ги добие сите мечеви во основниот дел, а потоа и оние во разигрувањето за титулата.

Претходно се одигра и натпреварот за третото место во конечниот редослед, натпревар во кој екипата на Ангели славеше убедлива победа против Маџари (85:56).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни