Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Ова е еден од најкомплетните натпревари на македонската репрезентација

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација оствари убедлива победа против Фарските Острови и ја неутрализираше големата негатива од првиот натпревар, со што обезбеди место на Светското првенство.

Избраниците на Кире Лазаров се радуваа со публиката во Скопје по еден фантастичен натпревар во кој го контролираа резултатот, а и самиот селектор истакна дека е горд на своите ракометари.

– Ова е еден од најкомплетните натпревари на македонската ракометна репрезентација, против еден квалитетен и сериозен противник каков што се Фарските Острови.

– Уште за време на подготовките, повеќе пати давав изјави за квалитетот на Фарски Острови, не се плашев од нив, но знаев дека се една машинерија и ако им дозволиме да играат, може да се случи тоа што се случи во Торшавн.

– Променивме многу во стратегијата, испадна успешно, момците одиграа тотално контролиран натпревар во сите сегменти, против технички совршена репрезентација.

–  Ова е еден од најсреќните моменти во мојата кариера, пресреќен сум по денешниот резултат, браво за момците, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни