Поврзете се со нас

Англија

Арсенал го освои „Олд Трафорд“ и се врати на првото место во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Екипата на Арсенал оствари победа над Манчестер Јунајтед од 1-0 во единствената средба која денеска се одигра во Премиер лигата.

Ова за „топчиите“ беше последен гостински меч, меч на кој се освен победа ќе значеше големо разочарување со оглед на тоа што води пеколна битка со Манчестер Сити за пехарот во најсилниот англиски шампионат.

Избраниците на Артета постигнаа еден гол, ама истиот беше повеќе од доволен за три вредни бода со кои сега одновот се на лидерската позиција со 86 бода, еден повеќе од „граѓаните“ кои допрва треба да го одиграа заостанатиот натпревар со Тотенхем.

Клучниот момент на „Олд Трафорд“ се случи во 20 минута кога Тросар на асистенција на Хаверц ја смести топката во мрежата на Онана.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни