Поврзете се со нас

Италија

Лацио го одбрани „Олимпико“ и остана во игра за пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Фудбалерите на Лацио го одбранија домашниот терен и издвојуваа победа над Емполи од 2-0 во премиерниот натпревар од денешната програма од 36. коло во италијанската Серија А.

Двете екипи влегоа со различни цели во овој дуел, Лацио сакаше со триумф да остане во игра за ЛШ, додека гостите со позитивен резултат да бидат чекор поблиску до опстанок во Калчото.

Избраниците на Тудор беа поуспешни и тоа со погодоците во завршниците на првиот и вториот дел, поточно головите кои ги постигнаа Патрик и Весино.

Со ова на најдобар можен начин беа одбележани 50 години од првото Скудето на лацијалите.

Клубот од Рим сега има 59 бода или еден помалку од Аталанта и Рома кои се на петтата и шестата позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни