Поврзете се со нас

Италија

Аталанта ја победи Рома, Јувентус и Болоња обезбедија место во Лигата на шампионите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта постигна два брзи погодоци преку Шарл Де Кетелар во период од три минути и тоа се покажа како доволно за победа на клучното дерби против Рома (2:1) во битката за место кое води во Лигата на шампионите.

Тимот од Бергамо во 18 и 20. минута реализираше преку белгискиот интернационалец за висока предност, а истата ја задржа до 66. минута, кога Пелегрини намали од белата точка.

Рома неколку пати се закани во продолжение, но не успеа да израмни, па со поразот падна на шестото место на табелата. Аталанта сега има три бода повеќе од Рома и натпревар помалку, па е во многу подобра позиција за пласман во ЛШ.

Поразот на Рома истовремено значи и дека Јувентус и Болоња дефинитивно ќе играат во Лигата на шампионите, а за тимот на Тиаго Мота тоа е првпат во клупската историја откако европското натпреварување се игра во овој формат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни