Поврзете се со нас

Германија

Голема радост и ерупција на навивачите: Санкт Паули се враќа во Бундеслигата по пауза од 13 години (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/fcstpauli?lang=de

Составот на Санкт Паули е нов германски прволигаш, промоција која денеска ја потврди со славјето над Оснабрик од 3-1.

На клубот од Хамбург му беше доволен и бод за да дојде до посакуваната цел, но не дозволи никакво изненадување и со сигурна победа дојде до пласман во германската фудбалска елита, нешто што клубот и навивачите го очекуваа 13 години.

По повеќе од една деценија Ст. Паули ќе игра во најсилната Бундеслига, влез кој може да го заокружи со шампионска титула со оглед на тоа што сега е на првата позиција со еден бод повеќе од Холштајн Кил кој вчера исто дојде до билетот кој води во елитното друштво.

Фортуна Дизелдорф е трета и таа ќе игра бараж со третиот најслаб тим од првата лига за местото кое гарантира бундеслигашки фудбал во кампањат 2024/2025.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни