Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти сакал да донесе голема ѕвезда во Реал, Перез кажал „НЕ“ за трансферот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид е на добар пат да ја потврди титулата во Шпанија, нешто со оглед на предноста ќе се случи порано или подоцна, односно екипата сега може максимално да се фокусира на полуфиналето во Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Баерн Минхен.

Во пресрет на битката со „баварците“, шпанскиот медиум „Релево“ излезе со една интересна информација за одреден конфликт кој тренерот Карло Анчелоти го имал со претседателот Флорентино Перез минатата лето.

Се работи за трансфер политиката, потезите, па така Анчелоти барал да му биде доведен Хари Кејн и на тој начин да се затвори позицијата „девет“ која не е соодветно пополнета по заминувањето на Карим Бензема. Анчелоти сметал дека Кејн треба да биде приоритет пред Џуд Белингем, но Флорентино кажал „НЕ“ затоа што верувал дека во иднина ќе дојде до толку посакуваната цел-Килијан Мбапе.

„Војната“ на крајот ја доби Перез кој нема за што да жали со оглед на резултатите на Реал во актуелнава кампања, но и фактот дека Мбапе најверојатно како слободен играч ќе пристигне на „Бернабеу“ ова лето.

Кејн пак исто има неверојанта прва сезона во Баерн со 42 погодоци во сите конкуренции. Останува да се види дали токму Англичанецот може да им пресуди на „кралевите“ во престојните две средби во елитното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни