Поврзете се со нас

Шпанија

Најдобриот асистент во Примера сонува да игра за Барселона: Toa e еден…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/villarrealcf

Барселона ќе направи одредени промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок со тоа што останувањето на Чави Ернандес ќе олесни некои работи затоа што добро го познава тимот и знае што е потребно за да истиот биде подобар, поконкурентен.

Се очекува актуелниот шпански првак да ја засили средината на теренот со тоа што останува да видиме кој ќе биде тој играч со оглед на тоа што се споменуваат повеќе имиња, плус голем фактор е трансфер обештетувањето.

Има и такви играчи кои се нудат, сонуваат да играат за Барселона, а таков е најдобриот асистент во шампионатот во актуелнава кампања, Алекс Баена од Вилјареал.

-Мојата клаузула? Мислам дека треба да разговараме со Фернандо Роиг за ова, но ќе мора да платат 60 милиони евра ако сакаат да заминам. Кој не би сакал да оди во Барса? Тоа би бил еден од најголемите соништа како фудбалер, тоа е најдобриот тим во светот, но јас сум во клубот на мојот живот и се надевам дека ќе бидам таму многу години, -рече Баена кој има наместо 12 голови во сезоната.

Алекс има договор до 30 јуни 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни