Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров направи две промени во тимот за решавачкиот меч со Фарски Острови, шанса добива еден дебитант (Фото)

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ќе брка негатива од седум гола против Фарски Острови и ќе мора да одигра перфектен натпревар во „Борис Трајковски“, каде многу важна треба да биде и поддршката од публиката.

Нашиот најдобар ракометен тим знаел да се подигне од калта на бараж натпревари и да направи огромна разлика на домашен терен, па затоа надежите не спласнаа и покрај тешкиот пораз во Торшавн.

Селекторот Кирил Лазаров уште пред двомечот најави дека ќе биде многу тешко да се обезбеди мундијалски билет, но и покрај тоа верува во пресврт и ова утро ја донел последната одлука кога е тимот во прашање.

Македонскиот селектор направи две промени во споредба со мечот од средата, а главна вест е тоа што деби во најсилниот македонски тим ќе има вардаровиот среден бек, Мартин Карапалевски.

Карапалевски добива шанса на местото на Дамјан Митев, додека Иван Џонов денеска е во составот на местото на Цветан Кузманоски.

Натпреварот се игра денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а возбудувањата ќе стартуваат во 19:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни