Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед блокира трансфер на Ван де Бек во Премиер лигата, агентот откри која ќе биде следна дестинација на Холанѓанецот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Дон ван Де Бек не успеа да се наметне и во Ајнтрахт Франкфурт и германскиот клуб нема да го откупи неговиот договор, што значи дека Холанѓанецот ќе мора да се врати во Манчестер Јунајтед.

Планот е тоа да не биде за долго и Ван де Бек е свесен дека неговата иднина не е поврзана со тимот од „Олд Трафорд“, а сега неговиот агент открива дека Јунајтед како клуб одбива да му дозволи трансфер во друг тим во Премиер лигата.

Гидо Алберс повторно е агент на Ван де Бек после паузата која ја имаа од три години, па сега главна цел на искусниот фудбалски работник ќе биде да му најде адекватна средина на својот клиент.

– Се вративме на почетоците со новата соработка и тоа му недостасуваше изминатите годинии. Тој е гладен за успех и желен да се докаже. Франкфурт нема да ја вклучи опцијата за откуп и официјално тој се враќа во Манчестер Јунајтед.

– Дони не сака да остане во Премиер лигата, а тоа е така и поради фактот што Јунајтед блокира такво сценарио. Дони мора да биде во тим кој игра убав фудбал, а во секој случај, тоа нема да биде Ајакс. Моја приоритет е да му најдам клуб во Шпанија, Италија или Франција. Би било фантастично ако го однесам во Шпанија или Италија, сакаме да најдеме тим во кој ќе игра како „десетка“, – открива агентот на Ван де Бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни