Лига на шампиони
Тухел: Судиите имаат влијание за ваквиот тренд на „Бернабеу“!
Томас Тухел беше крајно нервозен во завршницата на „Сантијаго Бернабеу“ и залудно бараше објаснување од Симон Марчињак за непризнатиот гол на Матијс Де Лихт, ситуација која фрли црна дамка на европското дерби кое заврши со победа на Реал Мадрид.
„Кралевите“ направија пресврт и на магичен начин се пласираа во големото финале на „Вембли“, но сепак завршната ситуација која катастрофално беше протолкувана од судиите остава простор за многу контроверзни изјави.
Баварците распалија веднаш по крајот на мечот кој го загубија со 2:1 и сметаат дека биле неправедно оштетени, а еден од најбурните беше токму тренерот Тухел.
– Бевме навистина добри и бевме пред победа, а тие се вратија во мечот поради една грешка на најдобриот играч на натпреварот, Мануел Нојер. Ова е вистинска штета.
– Како се објаснуваат пресвртите на Реал на „Бернабеу“ во завршните минути? Судиите имаат свое влијание за ваквиот тренд на „Бернабеу“, со својот однос помагаат да има ваков ефект!
– Непризнатиот гол е вистинска катастрофа, апсолутна катастрофа за фудбалот. При вториот гол на Реал дозволија акцијата да оди до крај и да се заврши, па прегледуваа со ВАР. Правилото е јасно и треба акцијата да се остави до крај. Првата голема грешка ја направи линискиот судија, а втората главниот судија. Ова беше очигледно прекршување на правилата. Навистина имам чудно чувство, треба да имате големи мадиња за да кренете знаменце во таква ситуација. Ни се извинија, но ништо не ни вредат извинувањата. Не е момент да се бара извинување, ова беше полуфинале. Не беше време да се направат две толку големи грешки. Судиите мора да бидат на највисоко ниво на вакви натпревари, – изјави нервозниот Тухел.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)