Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело ја детектираше најголемата грешка на Луис Енрике и двајцата најслаби играчи на ПСЖ

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Фабио Капело во улога на стручен коментатор се обидел да ги детектира главните проблеми на ПСЖ, поради кои францускиот тим доживеа елиминација од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Поранешниот италијански тренер прозвал двајца играчи на ПСЖ поради нивниот слаб настап, но имал забелешка и за помладиот колега Луис Енрике.

– Мбапе не направи ништо посебно и не ги искористи своите шанси, но вообичаено Хакими и Дембеле креираат нешто опасно по десната страна.

– Сега беа катастрофа, не испратија ниту едно употребливо додавање или нафрлување, – вели Капело.

И покрај фактот што ПСЖ немаше среќа во двата дуела, Капело лоцира и грешка на тренерот.

– Не можете да играте вистински фудбал само последните 20-25 минути. Тренерот требаше да ги направи замените порано, кога стави побрзи играчи видовме поинаков и поопасен ПСЖ, – рекол Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни