Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ стигна до третото МВП признание во НБА лигата

Објавено

на

Никола Јокиќ официјално е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата, што за него е трето вакво признание во последните четири години.

Јокиќ ја презема МВП наградата од ланскиот победник Џоел Ембид, а со ова индивидуално признание си обезбеди посебно место во историјата на лигата.

Центарот на актуелниот шампион Денвер беше главен фаворит поради уште една блескава сезона, а во гласањето добил повеќе поени од Шеј Гилџус-Александер и Лука Дончиќ.

Досега само девет играчи биле три пати МВП, а тој е прв центар по Карим Абдул-Џабар кој освоил три награди во четири сезони.

Српскиот кошаркар во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скокови и 9 асистенции по натпревар и испорача 25 трипл-дабл учиноци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни