Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид два пати ќе го добие пехарот за освоената Ла Лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Фудбалерите на Реал Мадрид веќе ја обезбедија титулата во шпанска Ла Лига, а додека тие се фокусирани на денешниот дуел со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, раководството имало долги преговори со федерацијата околу доделувањето на победничкиот пехар.

Шпанската фудбалска федерација првично решила да му го додели пехарот на Реал по завршувањето на гостинскиот дуел со Гранада, но новиот шампион тоа не го прифатил.

Причина е фактот што на таа средба може да биде потврдено испаѓањето на Гранада од Ла Лига, па во Реал очекувано стравуваат од реакциите на домашните фанови и можноста тие да го сфатат доделувањето на пехарот на нивен терен како непримерен и провокативен потег.

Следната одлука на федерацијата била доделувањето да се случи на средбата на која Реал ќе му биде домаќин на Алавес, но и таа опција целосно не му одговарала на клубот, кој сака да го прослави успехот со своите фанови во недела.

Компромисот бил трофејот да биде доделен два пати. Првиот пат во недела наутро во церемонија зад затворени врати на тренинг центарот на Реал, каде раководството и тимот ќе го добијат пехарот, па од 11 часот ќе го прославуваат заедно со фановите низ мадридските улици и на „Сибелес“. Реал вторпат ќе го добие пехарот по дуелот со Алавес, со што и цела јавност ќе може да ја проследи церемонијата на „Бернабеу“ и крунисувањето на новиот шпански шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни