Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ги расчистил дилемите за плановите на Реал со Арда Ѓулер

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид вчера го совлада Реал Сосиедад со голот на Арда Ѓулер, а реализацијата и целосниот настап на турскиот фудбалер беа уште еден доказ за потенцијалот на идната ѕвезда на „кралскиот клуб“.

За 19-годишниот фудбалер ова беше деби како стартер во дресот на Реал во Ла Лига и тој одлично ја искористи шансата, а тренерот Карло Анчелоти по натпреварот ги расчистил дилемите околу иднината на Ѓулер.

Дел од медиумите шпекулираа дека Реал ќе го испрати на заем во друг клуб за да добие соодветна минутажа, но Италијанецот вели дека иднината на Ѓулер е поврзана само со мадридскиот клуб.

– Арда ќе биде многу важен фудбалер за нас во иднина и тој сигурно ќе биде дел од екипата и наредната сезона.

– Тој е многу млад и малку по малку, ќе научи која му е улогата во тимот. Постигна доволно голови со оглед на минутажата која ја доби и тоа е подарок за нас, – изјавил Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни