Поврзете се со нас

НБА

НБА ја одреди казната за Мареј, ѕвездата на Денвер скапо ќе ги плати потезите на дуелот со Минесота

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Џамал Мареј ќе плати шестцифрена парична казна поради своето однесување на вториот натпревар меѓу Денвер и Минесота во рамките на вторат рунда од НБА плејофот.

Ѕвездата на актуелниот шампион немаше своја вечер против „волците“ и фрустрациите ги покажа со постојаните кавги со судиите, додека кулминацијата беше фрлање на термофор и пешкир кон нив на теренот.

Иако истите беа брзо отстранети од соиграчите, судиите не пропуштија да ги вклучат во записникот, па Мареј очекувано доби казна.

Но, и покрај очекувањата дека му се подготвува суспензија, Мареј ќе може да настапи на третиот натпревар од серијата и ќе треба да плати само парична казна од 100.000 долари.

Серијата продолжува на теренот на Минесота, екипа која веќе има водство од 2:0 во серијата со Денвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни