Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реакцијата на разочараниот Мбапе откако доби прашање дали ќе навива за Реал против Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе го одигра последниот меч за ПСЖ во Лигата на шампионите и официјално стана јасно дека нема да си замине со посакуваниот трофеј од Париз, откако Борусија Дортмунд по вторпат оствари минимална победа над францускиот шампион.

Погодокот на Матс Хумелс ја направи главната разлика на „Паркот на принцовите“ во натпревар во кој домаќините четири пати ја тресеа рамката од голот, а по полуфиналето самокритички настроен беше најдобриот фудбалер на домашниот тим.

Килијан Мбапе како предводник на тимот на Луис Енрике презема одговорност што не даде ниту еден гол во двомечот со Борусија Дортмунд, но во микс-зоната морал да слуша и прашање кое е навистина доста непријатно за него.

– Првиот кој требаше да постигне гол сум јас. Мора да бидеме самокритични, навистина сум тажен и разочаран. Борусија беше подобра во шеснаесетникот од нас, разочаран сум за нашите семејства и за навивачите. Се обидовме да дадеме се, но топката не сакаше да влезе……, – изјави Мбапе, кој потоа бил запрашан дали ќе навива за Реал Мадрид против Баерн Минхен.

Французинот одбил да даде одговор и возвратил со фацијална експресија, по што решил да го заврши разговорот и да се упати кон други новинари во микс-зоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни