Поврзете се со нас

Шпанија

Арда со „Бергкамп“ потег го излуде противникот и стана топ тема во Шпанија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер доби шанса во стартната постава на Карло Анчелоти и максимално ја искористи довербата од италијанскиот стручњак, кој уште пред гостувањето во Баскија најави дека ова ќе биде меч за турскиот фудбалер.

Младиот офанзивен фудбалер не може да се пофали со некоја голема минутажа во првата сезона во Реал Мадрид, но секојпат кога излегуваше на теренот, ја покажуваше својата страшна техничка поткованост.

Без никаков сомнеж, Арда најголема шанса доби синоќа против Реал Сосиедад, натпревар на кој го постигна голот за победа на Реал (0:1), но воедно го изведе и потегот на мечот.

Ѓулер сосема заслужено беше избран за најдобар играч на натпреварот, но по истиот сите зборуваат за еден негов потег на средината на теренот во второто полувреме.

По едно додавање од Модриќ, Арда изреагира во стилот на Денис Бергкамп и ја повторни незаборавната техника на Холанѓанецот за да се ослободи од својот чувар, па овој потег дефинитивно е хајлајт на вечерта во која беше отворено новото коло во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни