Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике со кратка анализа на неуспехот на ПСЖ: Фудбалот знае да биде неправеден

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ и сезонава остана без можност да му се израдува на толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, а овојпат како клучна пречка на патот кон тој успех се покажа Борусија Дортмунд.

Францускиот првак доминираше на реваншот, но доживеа уште еден пораз од германскиот ривал, со што Борусија ќе игра уште едно финале во најпрестижното натпреварување.

Тренерот Луис Енрике по натпреварот не сакал премногу да зборува за неуспехот, па го објаснил со неколку реченици.

– Мора да бидам искрен и ќе кажам дека моравме да го добиеме овој натпревар.

– Имавме 30 удари кон противничкиот гол, четири пати ја погодивме рамката, фудбалот понекогаш знае да биде многу неправеден.

– Сега приоритет ни е да се прегрупираме и да создадеме уште подобар тим со кој ќе се вратиме следната сезона. Борусија е одлична екипа и се надевам дека ќе го освојат трофејот, – рекол шпанскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни