Поврзете се со нас

Англија

Лестер обезбеди експресно враќање во Премиер лигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LCFC

Поразот на Лидс од Квинс Парк Ренџерс го потврди враќањето на Лестер во англиската Премиер лига, со што поранешниот шампион успеа да ја оствари својата главна амбиција сезонава.

Предводени од Енцо Мареска, фудбалерите на Лестер имаат четири бодови повеќе од Лидс кој ќе одигра уште само еден натпревар  до крајот на сезоанта во Чемпионшип, со што обезбедија директен пласман во елитата, без разлика на резултатите на Ипсвич кој има натпревар помалку од Лестер во моментов.

Со овој успех, Лестер на најдобар начин ја комплетира успешната деценија, откако во сезоната 2013/14 првпат обезбеди место во Премиер лигата со триумф во Чемпионшиш, во 2016 година беше освоена првата титула под водство на Клаудио Раниери, а пет години подоцна „лисиците“ триумфираа и во ФА купот.

Она што може да ги загрижува фановите на Лестер е истрагата на независната комисија за финансиските резултати на клубот, па враќањето во Премиер лигата може да биде дополнето со одземање бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни