Поврзете се со нас

Шпанија

Солзи како најава за крај: Најголемата играчка легенда на Севилја ќе има проштален меч против Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Хесус Навас е најголема фудбалска легенда на Севилја и играч кој ги урна сите рекорди како капитен на тимот од Андалузија, а она што можеше да се намириса уште вчеравечер, денеска доби официјална потврда.

Искусниот фудбалски ветеран го напушти теренот со солзи во очите во самата завршница од мечот со Кадис, па стоечките овации само направија емоциите да бидат уште поизразени кај фудбалерот кој денеска се обрати со официјално соопштение.

Навас најави дека официјално решил да ја напушти Севилја по крајот на оваа натпреварувачка сезона, што автоматски значи дека ќе стави крај на својата втора авантура на „Рамон Санчес Писхуан“.

Измеѓу двете етапи, Навас настапуваше за Манчестер Сити и стана шампион во Премиер лигата, а незаборавното патување во Севилја ќе го заврши со осум освоени трофеи.

Хесус е најголемата играчка легенда на Севилја и тоа го потенцираше самиот клуб преку потврдата за разделба, а во веста не заборави да нагласи дека Навае е играч со најмногу титули, со најмногу одиграни натпревари и со најмногу репрезентаитвни настапи во историјата на клубот.

Навас вчера го одигра јубилејниот 500-ти меч за Севилја во Ла Лига, а својот проштален натпревар ќе го има против Барселона на домашен терен во последното коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни