Македонија
Вардар и Алкалоид реагираа џентлменски, РФМ ги премести термините на полуфиналните куп дуели

Реакциите на Еурофарм Пелистер во однос на одредените термини за полуфиналните Куп мечеви од страна на Ракометната федерација на Македонија, на крајот донесоа џентлменски потег од ривалите, па битолскиот состав го доби она што го бараше.
Пелистерци реагираа затоа што требаше да го играат своето полуфинале во петок, па за полесно разрешување на проблемот реагираа ривалите Вардар и Алкалоид, кои се сложија да го отстапат терминот во четврток за полуфиналето во кое Еурофарм ќе се сретне со Тиквеш.
РФМ денеска официјално направи промена на термините, по што веќе и официјално и конечно, Вардар и Алкалоид ќе се соочат во петок, додека финалето останува на програмата во недела.
– Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.
– Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот, – стои во соопштението на РФМ, со кое е потврдена промената.
Натпреварите ќе се играат од 19:30 часот, во салата во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
-
Шпанија23 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
НБА19 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
АТП23 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
Англија21 час
Ливерпул убедлив, Ван Дајк критикува: Требаше да играме подобро
-
Англија22 часа
Аморим ја објасни разделбата со Рашфорд: Не гледаме на фудбалот на ист начин
-
НБА22 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари
-
НБА11 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Англија7 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)