Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ му донесе титула на Јувентус, па порача: Овој тим мора да цели…

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус успеа да го освои Купот на Италија и тоа откако во финале на „Олимпико“ ја совлада Аталанта со 1-0.

Стрелец на единствениот погодок вреден 15. трофеј за „бјанконерите“ во ова натпреварување беше Душан Влаховиќ во 4 минута. Тој даде уште еден гол во второто полувреме, но беше поништен поради офсајд, но сосема заслужено го понесе признанието играч на натпреварот.

-Можам само да им се заблагодарам на моите соиграчи, бидејќи знаеме се што направивме оваа година, сите тешкотии што ги имавме и ги постигнавме двете цели што ги поставивме оваа сезона. Штета за Скудетото, но Интер го заслужи. Вечерва имавме финале против одличен тим, им честитам и на нив, но веќе размислувам да освојам уште многу трофеи, -рече Влаховиќ кој очекува Јуве да цели кон сите титули во наредната сезона.

-Мислам дека се мачевме да излеземе од тој момент, но гарантирам дека ништо не сменивме. Беше најдоброто што можевме да го направиме во тој момент, но сепак ги постигнавме нашите цели за Купот на Италија и квалификациите за Лигата на шампионите. Ама тоа не доволно, бидејќи следната сезона мора да се стремиме да освоиме се, бидејќи ние сме Јувентус, ова е нашата ДНК и она што навивачите го очекуваат од нас, -заклучи Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни