Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со завршен говор на „Олд Трафорд“: Почна со свирежи, па ги придоби симпатиите од навивачите на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го победи Њукасл и успеа малку да ја поправи атмосферата пред завршницата од сезоната, во која „ѓаволите“ ќе му гостуваат на Брајтон, а потоа ги чека финален натпревар против Манчестер Сити на „Вембли“.

Единствена шанса да се заврши сезоната со трофеј ќе биде финалето во ФА Купот, па како најава за големиот меч, Тен Хаг реши да им се обрати на фановите на Јунајтед по триумфот на „Олд Трафорд“.

Иако својот говор го почна со свирежи од трибините, Холанѓанецот со своето обраќање успеа да премисли голем дел од навивачите на клубот, па така на крајот доби големи аплаузи за ветувањето кое го даде за „Вембли“.

– Сакам да ви се заблагодарам на сите вас за брилијантната поддршка во текот на сезоната. Како што знаете, сезоната не беше воопшто лесна, но ако нешто беше константно, тоа беше поддршката од ваша страна.

– Сезоната се уште не е готова. Прво одиме во Брјатон, одиме по три бода, а потоа одиме на „Вембли“. Ви ветувам дека овие играчи ќе дадат се за да се донесе Купот на „Олд Трафорд“. Сигурни сме дека ќе бидете таму да не поддржите. Ви благодариме, вие сте најдобрите навивачи во светот, – порача Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни