Поврзете се со нас

Свет

Нагелсман: Кога го прегрнувате Крос, чувството е како да сте допреле челик

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Напорната сезона на клупски план често знае да се одрази врз перформансите на фудбалерите на едно европско или светско првенство, па токму тоа е работата од која најмногу стравуваат селекторите кои се подготвуваат за континенталниот собир.

Најсилните фудбалски репрезентации почнаа да ги објавуваат списоците за турнирот во Германија, а вчера тоа го направи и домашната селекција предводена од Јулијан Нагелсман.

Селекторот на „панцирите“ направи значаен рез и надвор од тимот остави звучни ѕвезди на Баерн и Борусија, но како што се очекуваше, нов лидер на тимот ќе биде повратникот во репрезентацијата, Тони Крос.

Ѕвездата на Реал Мадрид се врати во националниот тим по неколкугодишна пауза, а иако веќе е во фаза од кариерата кога размислува и за пензија, Нагелсман не се сомнева дека тој ќе биде еден од најдобро подготвените за Европското првенство.

– Кога го прегрнувате Тони Крос, чувството е како да сте допреле челик. Тој е нависитна многу добро подготвен, никогаш не сака да добива одмор. Не сакам играчи на кои им треба посебно одржување и посебно внимание. Ќе се обидеме да управуваме на правилен начин со тренинзите после толку напорна сезона, но зборувајќи генерално за Крос, тој е во топ форма.

– Ако Тони некогаш се замори, тука е Паскал Грос, исто така го имаме и Павловиќ. Се надевам дека Крос ќе му покажа по кој пат треба да оди во иднина, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни