Поврзете се со нас

Шпанија

Фермин двапати стрелаше, Барса се зацврсти на второто место (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона не брилјираше против отпишаната Алмерија и одигра онолку колкушто беше доволно за победа, а со освоените три бода, тимот на Чави Ернандес се зацврсти на второто место на табелата.

Каталонците профитираа од двата кикса на Џирона и сега имаа четири бода предност на табелата, па треба да се случи чудо во последните две кола за да останат без местото кое носи билет за Суперкупот.

Барса вечерва имаше свој јунак во Фермин Лопез кој постигна два гола за победа на гостите, по еден во двете полувремиња.

Фермин е еден од најактивните и најдобри играчи на Барселона на крајот од сезоната, а тоа го потврди и со вечерашното издание со кое стигна до четврти гол на последните пет натпревари.

Играчот за врска беше прецизен по еднаш во двете полувремиња и тоа беше доволно за сигурна победа, по која Барса сега има вкупно 79 бода, четири повеќе од третопласираната Џирона.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни