Поврзете се со нас

Италија

Продолжува „војната“: Алегри се јави преку својот адвокат за несекојдневниот инцидент во тунелот на „Олимпико“

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Масимилијано Алегри уште некое време ќе биде главна тема во италијанската спортска јавност, сето тоа како последница на низата ситуации кои ги предизвика за време на финалето во Купот, но и по последниот судиски свиреж.

За своето препознатливо и карактеристично шоу крај аут линијата, Алегри беше исклучен и доби директен црвен картон, но тука не завршила неговата симултанка кога се проблемите во прашање, бидејќи по натпреварот го бркал Џунтоли од тимската прослава, за потоа да режира и инцидент со главниот уредник на „Тутоспорт“.

Гвидо Вачаго откри со какви невкусни зборови му се обратил Алегри во тунелот на „Олимпико“ и посочи дека за малку ќе бил физички нападнат од тренерот на Јувентус, па откако неговите зборови станаа доста интересни за јавноста, пристигна одговор и од правниот тим на Алегри.

– Алегри целосно ја демантира објавената верзија за настанот кој се случи во тунели на „Олимпико“ од страна на уредникот на „Тутиспорт“ Гвидо Вачаго. Сакаме да прецизираме дека тоа било едноставно жестока вербална расправија, која се случила во жештина на моментот. При истата, двајцата звучно се размениле неколку навреди, – се вели во соопштението на Алегри.

Оваа објава интересно предизвика нова реакција од уредникот на „Тутоспорт“, кој преку својот медиум посочи дека стои зад сите зборови кои првично ги пренесе, со напомена дека има и сведоци кои можат да ја потврдат верзијата која тој ја презентираше на јавноста.

– По натпреварот, Алегри ми рече: ти си скапан директор. Напиши ја вистината во весникот, а не она што клубот ти го сервира. -Знам каде да дојдам и ќе те пронајдам. Знам каде да те сочекам. Ќе дојдам и ќе ти искинам ушите. Ќе дојдам и ќе те удрам во лице. Напиши ја вистината во твојот весник, – гласеше изјавата која ја даде Вачаго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни