Поврзете се со нас

Англија

Едерсон залудно беснееше, лекарскиот извештај на Сити потврди дека Гвардиола бил во право (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Едерсон Мораеш заработи незгоден удар од дефанзивецот Ромеро и мораше да му се укажа медицинска помош за време на дербито меѓу Тотенхем и Манчестер Сити, натпревар кој на крајот не го доигра по советот кој го доби Пеп Гвардиола од својот лекарски тим.

Во моментите кога Пеп го извади Едерсон од игра, Бразилецот беснееше и воопшто добро не ја прифати одлуката на својот менаџер, но два дена подоцна, излезе дека менаџерот и тоа како бил во право.

Едерсон заработил скршеница во ковчестиот прстен околу окото и поради тоа ќе биде во аут одредено време, или поточно, ќе ги пропушти последните два натпревари од сезоната во кои „граѓаните“ ќе се борат за две титули.

Првиот голман на Сити нема да биде дел од последното коло против Вест Хем во кое ќе се решава трофејот во Премиер лигата, а потоа нема да може да настапи и на големото финале на „Вембли“ против Манчестер Јунајтед во ФА Купот.

Нова шанса ќе добие резервистот Стефан Ортега, кој после сите импресивни изданија кои ги имаше оваа сезона, веќе ги навикна играчите на Сити максимално да веруваат во неговите квалитети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни