Поврзете се со нас

Англија

Капитенот Одегард го посочи играчот кој направил најголема разлика за Арсенал оваа сезона: Тој е брилијантен

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал го победи Борнмут со 3:0 и продолжи да го притиска Манчестер Сити, односно го принудува шампионот да нема право на грешка на последните три натпрвари во Премиер лигата.

За разлика од Сити, Арсенал има уште два меча до крајот и во моментов има бод предност пред актуелниот првак, па во ситуација кога не зависи од себе, се надева дека тимот на Гвардиола ќе киксне против Фулам, Тотенхем или Вест Хем.

Ако не се случи тоа, Арсенал ризикува втора година по ред да загуби една тесна битка со Сити, но и покрај тоа, Одегард смета дека оваа сезона е далеку подобра од онаа пред 12 месеци.

Капитенот на Арсенал смета дека тимот покажал многу подобар карактер во изминатите неколку кола, а посебно до израз доаѓа Деклан Рајс кој според него ја направил најголемата разлика во првиот тим.

– Деклан дојде во нов клуб и во поинаква средина, а тоа знае да биде многу тешко. Но, тој само дојде и на најприроден начин се адаптираше на новите услови. Тој постигнува голови и дели асистенции, ја одведе својата игра на сосема друго ниво и ние сме среќни што го имаме во тимот. Тој ни даде толку многу работи во различни фудбалски аспекти, навистина станува збор за брилијантен фудбалер, – вели Одегард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни