Поврзете се со нас

Атлетика

Откриени детали од страшната несреќа во која животот го загуби Киптум (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/WorldAthletics

Светскиот рекордер на маратонската делница, Келвин Киптум трагично го загуби својот живот во родната Кенија, а оттаму почнаа да пристигнуваат и првите детали за тоа како дошло до немилиот настан.

Најдобриот маратонец го загуби животот на само 24-годишна возраст како последница на фатални повреди кои ги добил од сообраќајната несреќа, која била предизвикана токму од Кимптум кој управувал со своето возило.

Келвин излелат од патот на делницата Елдорет-Каптаг и со голема брзина се забил во дрво, по што автомобилот паднал и во каналот кој бил во близина. Од силината на ударот, автомобилот бил целосно распарачен на едната страна, а Киптум излетал од истиот и бил пронајден мртов на лице место од страна на првите очевидци на настанот.

Како што јавуваат сведоците, неговиот тренер Жерваис Хакизимана првично го преживеал ударот и очајно барам помош од луѓето кои пристигнале на местото на случување, но за жал подлегнал на тешките повреди на пат кон болница.

Дел од несреќата било и трето лице кое било во задниот дел од автомобилот, но споменатата Шерон Чепкемо е надвор од животна опасност и има само полесни повреди од несреќата со фатални последици.

Само за потсетување, Киптум стана првиот човек во историјата кој истрча маратон во границата од 2 часа и една минута, а бидејќи имаше само 24 години, светскиот рекордер беше предодреден да постави нови граници во историјата на маратонското трчање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни