Италија
Гали: Новиот тренер на Милан ќе добие протекција од Ибрахимовиќ
Италијанската јавност се погласно зборува за најавениот нов тренер на Милан, кој по се изгледа ќе биде шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги кој реши да си замине од Вулверхемптон минатото лето.
Поранешниот шпански селектор се издвои како главен кандидат на „росонерите“ во изминатите неколку дена, а како што јавуваат угледните медиумите од „чизмата“, преговорите се во напредна фаза и имаат посакуван тек.
Најдалеку во прогнозите оди познатата „Газета“ која вели дека Лопетеги е прв избор на сите важни директори во Милан, вклучувајќи го и Златан Ибрахимовиќ кој од пред неколку месеци се врати во клубот.
Познатиот италијански весник побарал одговори и од легендарниот Филипо Гали, поранешниот дефанзивец кој цели 14 години го носеше дресот на миланскиот великан (од 1882 до 1996).
– Теренот ќе каже дали Лопетеги е добар избор на клубот. Ако се гледа реално, не му одеше баш најдобро во Порто и во Реал, но како шпански селектор беше одличен, а играше и спектакуларен фудбал како тренер на Севилја. Ако Милан бара трернер со искуство и со квалитети да тренира млади фудбалери, тогаш Хулен е интересен профил за нив.
– Сметам дека Милан одлучи да направи чекор напред, циклусот на Пиоли заврши и сите се свесни за тоа. За жал, резултатите не се посакуваните и тоа секогаш го плаќаат тренерите. Како и да е, не очекувам да му биде лесно на Лопетеги, има искуство, но не ја познава Италија. Тука се игра тактички и стратешки фудбал, може да има проблеми на почетокот.
– Најважно од се е што ова е избор на сите директори во Милан, а очигледно Ибрахимовиќ е на врвот на пирамидата. Ако е така, немам никаков сомнеж: Ибра ќе биде протекција за Лопетеги и ќе му обезбеди најдобри услови, – вели Гали во интервјуто за „Газета“.
-
Лига на шампионипред 23 часа
Реакцијата на разочараниот Мбапе откако доби прашање дали ќе навива за Реал против Баерн (Видео)
-
Лига на шампионипред 17 часа
Капело ја детектираше најголемата грешка на Луис Енрике и двајцата најслаби играчи на ПСЖ
-
Шпанијапред 19 часа
Реал Мадрид два пати ќе го добие пехарот за освоената Ла Лига
-
НБАпред 21 час
НБА ја одреди казната за Мареј, ѕвездата на Денвер скапо ќе ги плати потезите на дуелот со Минесота
-
Лига на шампионипред 22 часа
Ал Келаифи се огласи за иднината на Луис Енрике по елиминацијата од Борусија: Дали разбирате фудбал…
-
Конференциска лигапред 9 часа
Фиорентина втора година по ред ќе игра во финалето на Конференциската Лига (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 7 часа
Уште една волшебна ноќ на „Бернабеу“: Реал со голем пресврт до билет за финалето во ЛШ (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 6 часа
Винисиус Жуниор: Ова е Реал Мадрид, ние секогаш веруваме!