Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ имаше вип гостин од Мадрид на плејоф мечот со Клиперси: Ова ја покажува големината на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас Маверикс на најдобар можен начин го искористи брејкот кој го направи во Лос Анџелес пред неколку дена, такашто рано утрово поведе во плејоф серијата против Клиперси на првиот меч на домашен терен.

Лука Дончиќ и компанија поведоа со 2:1 и сега имаат уште еден меч на домашен терен, а триумфот од 101:90 беше проследен од еден вип гостин во „Американ Ерлајн центарот“.

Флорентино Перез вчера не беше на гостувањето во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад и не го гледаше натпреварот на Реал Мадрид, но неколку часа подоцна стана познато зошто е тоа така.

Претседателот на Реал отпатувал во Америка за да го гледа момчето кое израсна во школата на „кралскиот клуб“, па средбата со Лука Дончиќ беше навистина специјална.

Двајцата се сретнале пред мечот и срдечно се прегрнале, а Словенецот по крајот на мечот не го криел воодушевувањето од посетата на големиот претседател.

– Многу ми значи посетата на Флорентино. Ова ја покажува големината на Реал Мадрид како институција. Флорентино дојде да ме гледа на еден плејоф натпревар во НБА лигата, за мене тоа е неверојатно. Му се заблагодарив лично што патувал толку долго за да ме гледа, – изјавил Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни