Поврзете се со нас

Италија

Саки се вклучи во најважната дебата и му предложи два тренери на Милан: Едниот е амбициозен, другиот искусен

Објавено

на

Милан полека привршува една сезона во која не ги исполни своите очекувања, но сепак Ариго Саки не сака да претерува со коментарите и потенцира дека сезоната не е толку лоша какошто многумина ја доживуваат.

„Росонерите“ посебно потфрлија во двете пресметки со Рома во Лига Европа и останаа без шанси да се борат за последниот трофеј кој изгледаше реално, па многу веројатно е дека тие два неуспеси ќе направат Стефано Пиоли да остане без работа.

Италијанските медиуми веќе го најавија отказот за Пиоли и веќе на големо се шпекулира со имиња кои можат да го наследат, а сега со два свои предлози излезе и легендарниот Саки.

– Сезоната не е идеална, но не е ни толки лоша. Можеше подобро, но Милан заврши втор, а не на средина на табелата. Милан имаше целосно нов тим, тренерот Пиоли мораше да се справува со многу странски фудбалери и тоа беше посебно тешко. И покрај се, имаше натпревари на кои Милан играше добро и повторно ќе кажам, завршија втори во Серија А.

– Повторив веќе неколку пати оваа сезона, ангажманот на странски фудбалери беше ризик, ако Пиоли бил тој кој ги бирал,  тогаш и тој има одговорност. Не треба ад се забрави дека влијаеше и одлуката да се отстранат Малдини и Масара. Сега најголем дел од работите ќе зависат од тренерот кој ќе се избере. Ако зборуваме за млад и амбициозен тренер, ќе кажам дека добар избор е Де Ѕерби. Ако се бара искуство, би го преложил Сари. Сакам Милан да донесе самостојна одлука и да стои зад одлуката која ќе ја донесе. Така направи Берлускони со мене во свое време, така треба да биде и сега, – вели Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни