Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу им испрати порака на фановите на Тотенхем кои бараат пораз во дербито со Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу го подготвува натпреварот против Манчестер Сити во нависитна необична атмосфера, бидејќи голем дел од фан базата на Тотенхем всушност сака нивниот омилен тим да загуби, се со цел да не му се направи услуга на лутиот ривал од Северен Лондон.

Колку и да звучни иронично, утре сите фановите на Арсенал ќе навиваат за Тотенхем во дерби пресметката со Сити, бидејќи само реми или победа на „петлите“ ќе значи дека нивниот тим ќе влезе со предност во последното одлучувачко коло во Премиер лигата.

Добар дел од навивачите на Арсенал дури сметаат дека Тотенхем намерно ќе загуби за да не му направи услуга на тимот предводен од Артета, а денеска Постекоглу испрати порака за сите оние фанови на социјалните мрежи кои бараат од своите играчи да не му прават проблеми на Сити.

– Ако гледате само на социјалните мрежи, тогаш најверојатно 99 процени од фановите се оние кои не сакаат Тотенхем да победи утре. Но, ние не живееме во тој свет. Има многу поголема слика од таа на социјалните мрежи.

– Јас не можам да го разберам тоа и никогаш нема да го разберам. Ги разбирам ривалствата, бев дел од едно од најголемите со Селтик и Ренџерс, но не можам да разберам некој да навива против својот тим. Тоа не е убавината на спортот, тоа не е духот на овој спорт. Јас го сфаќам фудбалот само на еден начин: Да има компетитивност, да се предизвикате себеси и да го победите ривалот. Се останато не е важно за мене, – изјави Постекоглу кој најави дека ќе бара максимум од неговите играчи на утрешниот меч против актуелниот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни