Поврзете се со нас

Италија

Во Болоња не го забораваат Михајловиќ: Тој ги постави темелите на овој тим…

Објавено

на

foto:twitter.com/Bolognafc1909

Болоња и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона, резултат, успех кој дефинитивно е историски за клубот од „Ренато Дал’Ара“.

Избраниците на Мота го совладаа Наполи со 2-0, а Аталанта вчера ја доби Рома со 2-1 што беше доволно и математички да се дојде до билет за елитното натпреварување.

Калчолигашот ќе биде дел од оваа сцена за првпат од сезоната 1964/65 што доволно говори за тоа што го постигнаа. Секако најголема улога има тренерот Тијаго Мота, но една од главните ѕвезди на тимот, Рикардо Орсолини не заборави да го спомене и Синиша Михајловиќ.

-Секако дека има. Тој ги постави темелите на овој тим, ја пренесе таа определба што ја научивме од него. Нашите мисли секако одат кај него. Ќе бидам искрен, штом заврши Аталанта-Рома веднаш помислив на Михаловиќ. -истакна Орсолини.

Србинот својот последен тренерски ангажман го имаше токму во Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни