Поврзете се со нас

АТП

Табило го реши Ѓоковиќ, па порача: Се обидувам да се „разбудам“, ова е надреално

Објавено

на

foto:twitter.com/TeamChile_COCH

Тенисерот од Чиле, Алехандро Табило го прегази Новак Ѓоковиќ со 2-0 во вчерашното соочување на АТП Мастерсот во Рим.

Најголема победа во кариерата: Чилеанец го разби Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Табило му одржа вистинска лекција на првиот светски рекет кого го совлада за нешто повеќе од еден час игра со 6:2 и 6:3. Ова за Алехандро е најголемата победа во кариерата, победа која дефинитивно ќе ја памети до крајот на својот живот.

-Се обидувам да верувам во ова во моментов. Неверојатно. Излегов на терен, погледнав наоколу, обидувајќи се да апсорбирам и обработам што се случува. Се обидувам да се „разбудам“. Разговарав со моето семејство, девојката, пријателите од Чиле. Не ми се верува. Ова беше неверојатно. Се надевам дека ќе можам да се освежам и да се подготвам за во вторник. Да можеш да го победиш Новак, број еден во светот, тоа е надреално, -рече Чилеанецот.

-По првиот сет бев прилично среќен. Играв неверојатен тенис. Сакав да го задржам тоа ниво. Против Новак секогаш е физички тешко. Совршено знаев дека мечот во секој момент може да оди во трет сет. Почнав да верувам кога беше 3:2, па 4:3, додека натпреварот се приближуваше кон крајот. Цел натпревар се обидував да играм поен по поен, не размислував за резултатот. Секој поен го играв како да е почеток на натпреварот. Мислам дека тоа ми помогна да играм порелаксирано, -додаде Табило кој за нареден ривал го има Карен Хачанов од Русија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни